Најголемиот и најлуксузен во SUV гамата на баварскиот производител, X7 доаѓа една година по претставувањето на концептот. Споредбено, сериската верзија надворешно не се разликува премногу од концептот

Замислен како седмосед, X7 е навистина огромен автомобил. Теренецот е долг 5.151, широк 2.000 и висок 1.805 милиметри. Со меѓуоскино растојание од 3.105 милиметри, јасно е дека патниците нема да имаат проблем да влезат во џиновскиот SUV.

Ако корисникот се одлучи за употреба на сите седум седишта, тие се наредени во конфигурација 2-3-2, но опционално X7 ќе може да се добие и во конфигурација со шест места за патници. Кога се користат сите седум седишта, волуменот на багажникот е 326 литри, а оваа бројка може да се зголеми до максимум 2.120 литри, во зависност од конфигурацијата на седиштата.

Како стандард, доаѓа изобилство на Vernasco кожа, четири-зонска клима и панорамски покрив во три дела. Опционално достапна е пет-зонска клима и целосно стаклен покрив.

Моторната гама ќе се состои од само четири погонски мотори, од кои три се наменети за купувачите во Европа. На стариот континент X7 ќе доаѓа во верзии: xDrive40i со 340 КС, xDrive30d со 265 КС, како и xDrive50d со 400 КС. Клиентите во САД ќе имаат можност да купат и xDrive50i, што значи 4.4-литарски V8 мотор кој развива 462 КС.

Сите агрегати ќе бидат спарени со осум-брзински ZF автоматски менувач, а погонот на двете оски е стандард за сите верзии.

МЕГА ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1fWx1MuuYkIMsCYW4QS4XUrmlyZhjfyOq” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” slideshow=”1″ showfolders=”0″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

BMW не ги објави цените за новиот X7, но се верува дека ќе биде малку поскап од сегашната Серија 7. BMW X7 ќе се произведува во Спартанбург, САД.