Групацијата Volkswagen, Fiat Chrysler Automobiles и Renault се меѓу најголемите губитници во падот на европската продажба на автомобили од 23 отсто, предизвикан од воведувањето на постапката WLTP, соопшти индустриската асоцијација ACEA

Бројот на регистрациите во ЕУ и EFTA паднал на 1,12 милиони во споредба со 1,47 милиони во септември 2017 година.

Новата тестна процедура WLTP е задолжителна од 1 септември, што некои производители, како што е Volkswagen, ги примора привремено да ја стопираат испораката на одредени модели кои треба да бидат релиценцирани.

VW, Renault и Fiat Chrysler беа меѓу „најдобрите“ во скокот на продажбата во август, пред се затоа што имаа воведено голем број на попусти, а исто така и масовно регистрираа сопствени возила за да ги продадат како „речиси нови“ на пазарот на користени возила.

Пазарниот лидер, Групацијата Volkswagen, минатиот месец доживеал пад на продажбата од 48 отсто, во што најголем „придонес“ има матичната марка, Volkswagen, со минус од 52 проценти. Голем пад имаа и Porsche и Audi – 67 односно 60 отсто, соодветно.

PSA Group, европскиот производител број 2, забележал дефицит на продажбата од само 8 проценти, и тоа Peugeot со 4,6 проценти и Citroen со 3,6 проценти. Најголем губитник во групата е Opel чија продажба опаднала за 12 отсто.

Што се однесува до Renault групаta, продажбата паднаla за 27 отсто, пред се поради Renault, со минус од 32 отсто, додека падот на продажбата на Dacia е 15 проценти.

FCA исто така е еден од најголемите губитници со 31 отсто пад на продажбата. Fiat забележал 33 отсто помалку регистрации, а Alfa Romeo 59 проценти. Jeep добро со држи со пад од само 7,3 проценти.

Ford забележал 14 отсто помалку регистрации отколку минатата година.

Кога станува збор за азиските производители, продажбата на Toyota има пад на продажбата од само 1,2 проценти, додека Hyundai забележал минус од 10 проценти. Голем пад има и Nissan – 44 проценти.

Меѓу премиум брендовите, продажбата на BMW паднала за 7,4 отсто, а на Mercedes-Benz за 12 отсто.

Производителите кои добтници минатиот месец, се Jaguar (+38 проценти), Kia (+4,3 отсто) и Volvo (+3,1 отсто).