Компанијата Waymo, основана од Google за развој на „самоуправувачки автомобили”, се здружува со Jaguar Land Rover со цел создавање на „првиот луксузен, целосно самовозечки електричен автомобил“

И за двете компании важи дека не почнуваат од нула, бидејќи Waymo зад себе има години на искуство во развој и тестирање на автономни возила, а Jaguar неодамна го лансираше првиот електричен модел, I-Pace.

Waymo во Jaguar i-Pace ќе инсталира систем за автономно возење, кој веќе се користи во тест флотата составена од Chrysler Pacifica Hybrid возила во САД, а подоцна во текот на годината ќе се започне со тестирање и на системот во електричниот Jaguar.

Компанијата Wazmo се пофали со својата технологија за самоуправуваќки возила, тврдејќи дека таа е „најнапредна во светот“, со оглед на тоа што нивните тест возила зад себе имаат над 8 милиони километри поминати на јавни патишта.

Од Waymo велат дека изборот паднач на Jaguar I-Pace бидејќи е идеален автомобил за градски средини, а има и батерија со голем капацитет кој овозможува долго возење во континуитет. Освен тоа, според нивно мислење, I-Pace е безбеден и елегантен автомобил кој ќе направи патниците да се чувствуваат мошне удобно за време на возењето.

Waymo планира да набави дури 20.000 Jaguar модели на струја во следните неколку години, кои ќе се користат во идниот автомобилски самовозечки систем.

Оваа компанија има намера во иднина на корисниците да им понуди услуга – превоз со самовозечки автомобили според системот car sharing. Предвидено е идната флота на автономни возила дневно да направи и до милион поединечни возења кои на клиентите ќе им обезбедат „премиум уживање“.

Jaguar I-Pace својата светска премиера ја имаше претходно овој месец на Саемот за автомобили во Женева.

Во автомобилот се користат литиум-јонски батерии со капацитет од 90 kWh, а Jaguar тврди дека максималната автономија на возење е од 386 до 480 километри. Од друга страна, независната американска агенција ЕПА максималниот радиус на движење го проценува на до 354 километри.

I-Pace го придвижуваат два електрични мотори – секој на една оска од автомобилот – чија вкупна комбинирана моќност е 400 КС со вртежен момент од 696 Nm. Моќта се пренесува на сите 4 тркала. Коефициентот на отпор е 0,29, а од производителот наведуваат дека I-Pace од 0 до 100 km/h забрзува за 4,8 секунди.

Од Jaguar велат дека за дополна на батеријата од 0 до 80% од максималниот капацитет е потребно 85 минути, ако се користи еднонасочен полнач од 50 kW. Ако батериите се полнат со брз полнач од 100 kW, овој период се намалува на само 40 минути. Сопствениците кои својот i-Pace ќе го дополнуваат на ѕиден, домашен полнач (7 kW) кој користи наизменична струја, ќе мора да почекаат 10 часа за да погонските батерии се наполнат до 80% капацитет.

ИнтеRenault е тоа што најавата за новиот проект базиран на технологијата за автономни возила доаѓа во време кога властите во САД ја истражуваат смртта на жената-пешак во Аризона која беше удрена од самовозечки тест автомобил на компанијата Uber.

Поради оваа трагедија, гувернерот на Аризона забрани нови тестови на Uber на јавните патишта во оваа држава, која е меѓу првите во САД која дозволи тестирање на автономни возила на своите патиштата.