Ѕвер кој е легален за регуларните патиштата: Porsche 911 GT3 RS / ФОТО+ВИДЕО
Новиот GT3 RS до 100 km/h стигнува за 3,2 секунди, а најголемото подобрување e мулти-прилагодливата суспензија
Porsche го претстави 911 GT3 RS од генерацијата 992, најекстремниот атмосферски сериски 911 досега, базиран на веќе неверојатно моќниот постоечки GT3 модел.
Новиот модел е поекстремен за возење од било кога, а 6-цилиндерскиот 4.0-литарски атмосферски боксер сместен во задниот дел постигнува 525 КС.
Со новиот RS неможе да се избере 6-брзински мануелен менувач како кај GT3 и доаѓа само со менувач со двојна спојка кој моќноста ја испраќа на задните тркала, но има и нов аеро комплет со супериорни „downforce“ карактеристики со огромна крило над „ducktail“ спојлерот.
Комплетниот RS каросериски пакет на новиот модел му овозможува двојно поголем аеродинамички потисок во однос на неговиот претходник (дури 409 kg downforce при 200 km/h и 860 kg при 285 km/h). Максималната брзина сепак е намалена – од 319 на 296 km/h.
Новиот GT3 RS до 100 km/h стигнува за 3,2 секунди, а најголемиот технички напредок може да се забележи во прилагодливата суспензија, која нуди невидени опции за подесување.
Аеродинамиката е исто така прилагодлива: горниот дел на огромниот заден спојлер за намалување на отпорот може електрично да се прилагоди под агол како системот DRS F1, преку прекинувач на воланот, во зависност од тоа дали на возачот му треба повеќе или помалку потисна сила.
Тркалата со централно заклучување, со димензии 20 инчи напред и 21 инчи назад, носат гуми Michelin со димензии 275/335 mm широки (напред/задни), а достапни се и врвни карбон – керамички сопирачки. Иако 991.2 GT3 RS е 20 kg потежок од неговиот претходник, тој сепак е многу лесен спортски автомобил со тежина од 1.450 kg.
Но, ако купувачите го изберат пакетот „Weissach“ со покрив и преден капак од јаглеродни влакна, лиени бандажи од магнезиум и употреба на јаглеродни влакна наместо челик на сегментите на суспензијата и сигурносниот кафез во кабината, тежината се намалува за дополнителни 8 килограми.
[useyourdrive dir=”18blVIHpCapDEIdq3T5pz6Aqi96JdrJhK” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Познати се цените за Германија каде новото Porsche 911 GT3 RS чини 229.519 евра, а првите испораки се очекуваат на крајот од оваа година.