Mercedes ја откри внатрешноста на новиот модел, чија премиера е закажана за 16 октомври.

Станува збор за теренецот EQE, нов електричен модел кој на пазарот ќе пристигне како „мултифункционална верзија на седанот EQE“. Најновиот член на растечкото семејство EQ ќе ја има најновата верзија на интерфејсот MBUX Hyperscreen со три големи екрани под еден кров. Како и кај седанот, „турбинските“ отвори за вентилацијата се задржани, но исто така и целокупниот израз што се гледа на основниот EQE.

Предвидени се пет комбинации на ентериер, а на фотографиите можеме да го видиме изданието во комбинација од балао кафена и нева сива кожа. Mercedes ќе понуди и „хибриден“ материјал кој ја комбинира топлината на дрвото со технички студениот изглед на вистинскиот алуминиум.

Кога станува збор за возењето, не треба да има изненадувања. Почетниот модел ќе има батерија од 90 kWh и нешто помалку од 300 КС. По него ќе следи верзија AWD со два електромотори и наводно две AMG верзии. Во однос на врвните перформанси, зборуваме за 688 КС и дури 950 Nm.