
Знаете ли зошто се високи маржите на бензинот и дизелот?
Високите маржи на горивaта би можеле да останат високи и во наредните месеци, а можеби и години
Едно од клучните прашања на светската економија е секако цената на нафтата. Но, ситуацијата на пазарот е една работа, а маржите на производителите на нафтени дестилати се нешто сосема друго. Тие се на историски високо ниво, а Goldman Sachs се обидел да одговори зошто е тоа така.
Залихите на дизел и авионско гориво се на најниско ниво, а сезонски прилагодените повлекувања на залихите се големи и се забрзуваат. Потрошувачката на млазното гориво наскоро со летото и зголемениот број на меѓународни патувања ќе се забрза. Високите цени на природниот гас ќе доведат до преминување од гас на нафта во Европа и Азија. Војната меѓу Русија и Украина ќе ја намали понудата на дестилат, бидејќи Русија извезува големи количини на дизел гориво и останати суровини, кои европските и кинеските рафинерии во голема мера ги мешаат во дизелот. Работните трошоци на рафинериите растат, особено во Европа.
Не треба да се заборави и фактот дека многу луѓе го користат ова неизвесно време за да ги покачат цените на услугите, односно дека во се има опортунизам. Со други зборови, високите маржи на горивaта би можеле да останат високи и во наредните месеци, а можеби и години.