Пред само 10 години преживувањето во тежок судир било скоро невозможно!

Колку се напреднати автомобилите? Секако тема за дискусија во која би се спротивставиле многу аргументи за и против, но како и да е, најдобро е ова да се објасни со практичен пример. Осигурителниот институт за патна безбедност (IIHS) е американско здружение слично на Euro NCAP во Европа и неговата примарна цел е да ја подобри безбедноста на патиштата.

Човекот со име Адријан Лунд работи во IIHS повеќе од 30 години и во последните две децении е фокусиран на подобрувањата во однос на безбедноста на возилата. Како претседател на IIHS од 2006 до 2017 година, тој бил во првите редови. На крајот, тој и во практични услови почувствувал колку се важни напорите на неговата организација, но и на сите други кои инсистираат на подобрување на безбедноста.

Во едно неодамнешно видео, Лунд се сеќава што се случило кога се судрил со BMW 540i во 2020 година. Било рано саботно утро во месец август кога Лунд според неговите зборови возел со околу 100 km/h на автопатот 95. Тогаш одеднаш пред него се појавило BMW 228i од 2016 година, возејќи во погрешна насока и го удрило напред.

„Да се ​​случеше оваа несреќа пред 10 години, веројатно немаше да разговарам со вас“, вели Лунд.

Лунд бил повреден во несреќата, но преживеал. За жал, другиот возач не преживеал, се работи за 29-годишна жена, која полукружно свртела на автопатот и тргнала во погрешна насока. Таа при судирот била исфрлена од возилото бидејќи не носела појас.

Специјални зони за апсорпција на судир, поцврсти материјали, воздушни перничиња… Сето ова помага денес. Имајте предвид дека и несреќната возачка возела со најмалку 100 km/h и дека силината на судирот била страшна. 

Погледнете го видеото во прилог.