Златан Ибрахимовиќ и неговото Porsche 911 GT2 RS
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ, е забележан како на тренинг стигнува со нов автомобил
Станува збор за перформантното Porsche 911 GT2 RS. Овој автомобил развива 700 коњски сили, што му овозможува спринт до „стотка“ за 2,8 секунди, а максималната брзина е 340 km/h. Благодарение на употребата на лесни материјали како јаглеродни влакна, магнезиум и алуминиум, 911 GT2 RS тежи само 1.470 килограми со сите течности. Во случајот на Златан Ибрахимовиќ, докупен е опционалниот Weissach пакет со цел намалување на тежината на моделот за уште 30 килограми.
Можеби бројките сами по себе не говорат многу за каков фантастичен автомобил станува прашање, но сите теоретски перформанси се преточени во реалност минатата година, кога 911 GT2 RS стана најбрзиот сериски автомобил на Нирбургринг со време од 6:47.3 минути за круг.
Ибрахимовиќ е познат на јавноста како љубител на автомобили, а споменатото Porsche не е најскапиот модел во неговата колекција. Во таа улога е Ferrari LaFerrari.
Договорот со Манчестер Јунајтед на натурализираниот Швеѓанец истекува ова лето и речиси е сигурно дека Ибрахимовиќ ќе го напушти клубот. Како потенцијални можности за продолжување на кариерата на 36-годишниот напаѓач се споменуваат американската MLS лига или клубот Лос Анџелес Галакси.