Porsche се придружува на Daimler, Geely, Italdesign…

0

<h2>Станува збор за компании кои летечките автомобили ги гледаат како сообраќајно решение за иднината и сообраќајниот метеж во мегалополисите</h2>

Метрополите ширум целиот свет се соочуваат со постојан прилив на население, велат од Porsche, така да понекогаш се потребни часови за да се стигне на аеродром, на пример.

„Постои и една димензија, што подразбира целосно отсуство на сообраќајни метежи“, вели шефот за продажба на Porsche, Детелф фон Платен. „Зошто да не развиеме нешто во таа насока?“

„Помислете на Мексико и Бразил – таму има градови, кои се како кошница и ако имате патување од 20 километри, тоа може да трае четири часа, а по воздушна линија само неколку минути“, вели фон Платен.

Porsche верува дека т.н. „три-димензионален транспорт“, во кој со помош на беспилотни летала се избегнуваат фреквентните патишта на земјата, е решението на иднината и, воедно, начин за диференцирање на компанијата од конкуренцијата. „Исто како што возите Porsche, така би летале со дрон, без да пилотирате или да имате дозвола“, заклучи фон Платен.

Porsche е во рана фаза на изготвување на летечко такси, но се очекува дека проектот би можел да биде завршен за десетина години, со напредокот на технологијата, со што ќе се овозможи вистинска примена, вели Михаел Штајнер, шефот за развој во Porsche.

Тековниот автомобилски саем во Женева го искористија Italdesign и Audi, за претставување на Pop.Up Next, кој претставува следна фаза од развојот на Pop.Up автономен летечки автомобил. Се разбира, Audi, Porsche и Italdesign припаѓаат на групата VW.

Минатата година Daimler беше меѓу компаниите кои инвестираа во германскиот Volocopter, со цел да развијат летачкo електричнo такси. Volocopter е возило со пет седишта со способност за вертикално полетување и слетување, наменето за таксирање.

Сопственикот на Volvo, Zheijang Geely Holding Group ја купи компанијата Terrafugia, компанија од САД која има развиено летечки автомобил, кој на пазарот треба да пристигне веќе следната година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »