Чешкиот производител Škoda на Саемот во Женева го откри својот SUV концепт Vision X – третиот кросовер модел од Млада Болеслав

Vision X е технолошки најнапреден модел на Škoda, а во моделната гама се наоѓа под Karoq и Kodiaq. Еден од клучните детали на овој концепт е хибридниот погон со два електрични мотори и агрегат на компримиран природен гас (CNG). Vision X се придвижува со 1.5-литарски 4-цилиндерски турбо мотор од 130 КС и 250 Nm вртежен момент.

Едниот електричен мотор ја придвижува предната осовина, а другиот со моќност од 27 КС задната со 70 Nm при поаѓање. Со помош на менвачот на Vision X, може да понуди дури 1000 Nm во возење. Погонот на предната оска е стандарден, додека на сите четири тркала се вклучува кога е тоа потребно, користејќи го задниот електричен мотор за забрзување или тракција. Исто така, само со електричниот мотор на задната оска автомобилот може да се движи и само на заден погон и да помине два километри. Забрзувањето на Vision X од 0-100 km/h е 9,3 секунди, а максималната брзина е 200 km/h. CNG единицата има два резервоари, еден под задното седиште, а другата зад задната осовина. Вториот електричен мотор го погонува литиум-јонска батерија од 48V и 1.5 kWh, која се дополнува при сопирање. Од Škoda укажуваат дека е избрана поради баланс на дополнителната тежина и складирањето на енергија. Тука е и посебниот резервоар за гориво кој обезбедува движење во случај на ниски температури. Максималниот опсег е 644 km.

Визуелно новиот Škoda SUV не се разликува премногу од Karoq и Kodiaq, иако карактеристичната предна маска е направена од едно парче стакло.

Најважни разлики се подигнати фарови со тенко дневно светло и индикатори за движење над главните. Во задниот дел, светлосната група е во форма L со слично обликувани рефлектори на браникот. За разлика од другите модели на чешкиот производител, на гепекот на автомобилот нема име на моделот, туку само името на брендот.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1lQ2qOsWa5yDEVY4T7iBu-7l1F15KlA-D” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Иако е на основа на истата платформа како и Volkswagen T-Roc и Seat Arona, Vision X е подолг (4.250 mm), но и понизок (1.500 mm), а според ширината од 1.800 mm е помеѓу овие два модели. Меѓуоскиното растојание е значително подолго (2.645 mm).

Високо-технолошките елементи од внатрешноста на концептот Vision X ќе бидат применети на идните модели на Škoda. Тука се широката контролна табла, централно поставен екран на допир над малото „крило“ дизајнирано за наслон на раката додека го користите екранот.