Женева 2018: Mercedes AMG GT / ФОТО

0

Ако се суди според првите реакции – вредело да се чека. Барем според мислењето на присутните новинари на саемот во Женева

Врвот од понудата е AMG GT 63 S кој располага со 4.0-литарски двоен турбо V8 мотор од 630 КС, што на моделот му овозможува до 100 km/h да стигне за само 3,1 секунди! Подолу во понудата е AMG GT 63 кој го користи истиот погонски агрегат, но во послаба конфигурација и „само“ 577 коњски сили. Заедничко нешто за двете верзии е системот за деактивирање на цилиндрите, заради заштеда на гориво.

Трет во понудата е AMG GT 53, кој воедно е изненадување. Оваа верзија ќе користи 3-литарски реден 6-цилиндерски агрегат кој развива 429 коњски сили. Технички гледано, овој агрегат всушност е хибрид бидејќи го користи EQ Boost системот на Mercedes.

Сите верзии ќе користат 9-степен автоматски менувач, како и погон на четири тркала.

Во салонот доминираат екраните. Пред се, двата дисплеи пред возачот преземени од Е-класата, која сега сочинуваат целосно дигитален инструмент-кластер. Mercedes сеуште не соопштил информации за димензиите на салонот, но јасно е дека AMG GT ќе биде family friendly автомобил, на што учажува задната клупа која е делива по принципот 60:40.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Првите примероци на улиците ќе се најдат на почетокот од следната година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »