Клучните играчи во производството на батерии, вклучувајќи ги тука и производителите на автомобили и трговските куќи од Северна Америка до Европа, стануваат сé позагрижени за идниот недостаток на основните материјали неопходни за производство на батерии за електричните возила, бидејќи нивното производство опаѓа

Од Clean TeQ Holdings, компанијата која го има развиено проектот Sunrise никел-кобалт-скандиум во Австралија, велат дека десетина страни изразиле интерес за преземање на 50 отсто од уделот во проектот, вели шефот Сем Ригал. Станува збор за регионални компании кои до неодамна не покажуваа особен интерес за снабдување со суровините.

„Во Северна Америка и во Европа, доаѓа до освестување дека треба да се посвети внимание на суровините“, вели Ригал. „Во изминатите две години, без многу успех тропнав на многу врати, за да ги заинтересирам и во Америка и во Европа. Последните шест месеци, работите драматично се променија“.

Во мај, Volkswagen Group го избра шведскиот Northvolt како партнер во производството на батерии за електрични автомобили, додека владите на Германија и Франција се обврзаа на политичка и финансиска поддршка на европската индустрија за батерии.

Во САД, бројот на батериски погонувани модели достапни на клиентите двојно ќе се зголеми до крајот на 2021 година, велат податоците на Bloomberg.

Clean TeQ, со седиште во Мелбурн, формиран од Macquarie Group Ltd. да го води процесот на изнаоѓање партнери, е во потрага за финални понуди за удел во проектот Sunrise до крајот на септември, со цел да ја заврши продажбата до крајот на годината.

Кинеската доминација во производството на литиум-јонски батерии ќе се намали заклучно со 2025 година, барем така велат прогнозите, бидејќи ќе се градат нови капацитети во близина на центрите за побарувачка во САД и Европа.

Обемот на планираните инвестиции во електрични возила значи дека производителите на автомобили и сродните индустрии во Европа и САД ќе се фокусираат на тоа како да се обезбедат идните залихи на никел од батериите, како и на тоа да се обезбеди доволно кобалт по затегнување на ситуацијата на пазарот во 2021. до 2022 година, вели Ригал.

„Тие едноставно се принудени да се свртат кон суровините“, вели тој. „Тие гледаат значителен ризик во таа гранка на бизнисот“.

Навестен е недостигот на никел-сулфат, материјал што се користи за производството на батерии, бидејќи предвидувањата покажуваат дека побарувачката ќе ги надмине планираните нови капацитети, објави BNEF во извештајот од 2 јули. Побарувачката за кобалт, исто така, може да ги надмине снабдувачките капацитетите во 2025 година.

Цените на кобалтот се во пад од почетокот на 2018 година, бидејќи некои производители имаат тенденција да ја намалат количината на овој метал во нивните батерии. Цените на никелот, исто така, имаа пад од 11 отсто на Лондонската берза минатата година.