По фотките без камуфлажа, се појавија слики и од внатрешноста

Volkswagen ID.3 е се поприсутен на глобалната мрежа, но сепак камуфлиран. Сепак, некој имал среќа да го види прототипот и „без маска“, а успеал да направи и неколку извонредни фотографии.

Слободно може да се каже дека ID.3 изгледа одлично.

Одлично изгледа и патничката кабина

Сликите се „симнати“ од промотивното видео кое на кратко се појавило на YouTube, а кое брзо е отстрането, и прикажува детали од дигиталната табла со инструменти, воланот и централниот екран на мултимедијалниот систем. Покрај овој екран, на контролната табла има барем уште еден дигитален дисплеј – оној пред возачот, наместо конвенционалните аналогни инструменти.

Како што може да се види, VW ID.3 нема да има премногу физички команди, а повеќето од функциите и поставките ќе бидат достапни преку екранот на допир или во форма на гласовни команди. 

Светската премиера на овој автомобил е закажана за септември и Саемот за автомобили во Франкфурт, додека првите официјални фотографии се очекува да бидат објавени во текот на летото.

Моделот ID.3, кој според габаритот може да се спореди со Golf, ќе биде основниот електричен модел на Volkswagen и ќе чини помалку од 30.000 евра, цена за Германија. Според производителот, средната варијанта ќе има автономија од 420 километри помеѓу две полнења, според новите WLTP стандарди. Основната верзија на моделот ID.3 ќе има автономија од 330 км, а верзијата со најголема батерија ќе може да помине 550 км. За половина час полнење, најмалата батерија ќе има моќност за дополнителни 260 км.

Loading...