Малиот Twingo на пазарот ќе егзистира до 2024 година и потоа ќе замине во историјата

Актуелната генерација на Twingo ќе биде последна, а по три генерации, францускиот бренд ќе се збогува со некогаш многу популарниот градски модел. Ова ќе стави крај на кариерата на моделот од А-сегмент, кој првпат на сцената се појави во далечната 1993 година. Иако првата генерација беше целосно автентично возило и забележа многу добри продажни резултати, наследниците беа повеќе или помалку неубедливи.

Останува нејасно уште колку долго Twingo ќе се нуди со мотор со внатрешно согорување, бидејќи од минатата година во гамата на моделот има и EV верзија. Извесно е дека варијантата со SUS мотор наскоро ќе биде повлечена, а на пазарот ќе остане само како електричен автомобил, до конечниот крај.

Директен наследник нема да има, но… Неодамна откриениот батериски Renault 5 ќе го заземе своето место во гамата на брендот што во моментов му припаѓа на Twingo.

Управата на францускиот бренд е убедена дека новата „петка“ ќе биде вистински продажен хит и дека ќе ја продолжи успешната кариера на својот конвенционален предок.

Ова значи дека со заминувањето на Twingo, Renault најверојатно целосно ќе го напушти и сегментот А, со исклучок на наследникот на моделот Twizy, иако е под знак прашалник дали тоа возило воопшто може да се класифицира како автомобил.