Збогум за Auris, се враќаат Corolla хеџбек и караван
Toyota одлучи од 2019 година да ја укине ознаката Auris за своите компактни модели на европскиот пазар, а новата генерација на овој автомобил, која беше претставена на овогодинешниот Саем за автомобили во Женева, повторно ќе се вика Corolla во сите kкаросериски форми
Новата генерација на Toyota од C-сегментот, како и седанот и караванот, глобално ќе биде наречена Corolla, како и возилото што е најпродаван модел во историјата на Toyota. На почетокот на 2019 година, Auris ќе биде заменет со новата генерација на Corolla модели.
Воведувањето на новото име, се совпаѓа со усвојувањето на заедничката нова Toyota Global Mechanical Platform (TNGA), која ќе ги замени трите постоечки платформи.
Новиот Corolla Touring Sports (караван) ќе биде претставен на автомобилскиот саем во Париз во октомври, заедно со хечбекот во хибридна верзија.
Инаку Corolla се смета за најпродаван модел на автомобил во светот. Од почетокот на производството во 1966 година, од овој модел до денес се испорачани 45 милиони единици на клиенти ширум светот.