Многу од луѓето на кои мотоциклизмот не им е познат, се убедени дека на мотоциклистите не им сметаат високите температури, но ним, всушност, многу потешко им паѓаат темпратурите од 30+ степени

Кој немал можност да се повози на мотоцикл со комплетна опрема на 30 или дури 35 степени, не знае што „пропуштил“.

Мотоциклистите се склони да го подигнуваат стаклото на шлемовите (визирот) со цел малку да се разладат, но тоа при голема брзина знае да биде крајно опасно токму поради каменчиња и инсекти.

Сега, се чини дека на нивното страдање конечно е дојден крајот благодарение на производителот на кациги Feher чиј производ е прва и единствена кацига со вграден клима уред.

Иновативната кацига ACH-1 ја користи технологијата за ладење на седиштата во модерните автомобили, вентилатор сместен во наслонот, која го зема воздухот внатре во кацигата и циркулира во рамките на истата. Благодарение на специјалниот материјал рамномерно го распределува ладниот воздух.

Така, ACH-1 кацигата е во можност да ја намали температурата во внатрешноста на истата до 15 степени, со што се намалува температурата на целото тело, односно возачот или совозачот.

Кацигата е тешка 1,45 килограми, што е просечна тежина во оваа класа и доаѓа со соодветно напојување.