Започна производството на електричниот Rivian R1T
Од производствените линии во фабриката во Илиноис, е симната сериската верзија на долго најавуваниот електричен пикап модел
Првите копии на R1T се од серијата Launch Edition, по цена од 73.000 долари, и сите се веќе однапред продадени.
Опремата вклучува алуминиумски тркала од 20 до 22 инчи, ел. капак на багажниот простор, кожен волан кој се грее и лади, Meridian audio систем, 16-инчен инфозабавен систем … автономијата е 505 километри.
Треба да се каже дека верзиите Adventure и Explore ќе пристигнат следната година (последната по цена од 67.500 долари).