Formula 1 планира кратката спринт трка да ја одвои од остатокот од викендот и да ја направи настан сам за себе

Во моментов, стартниот редослед за спринт трката се одредува со стандардната квалификациска сесија, која се вози во петок, додека стартниот редослед за главната трка се формира врз основа на пласманот во спринт трката.

Концептот за првпат се користеше во Велика Британија, а реакциите беа различни. Она за што повеќето луѓе се согласуваат е дека севкупната претстава е нешто подобра, но исто така посочува дека квалификацискиот систем е премногу комплициран.

Друга работа што им боде очи на луѓето е тоа дека спринтот всушност е вистинска трка, но воопшто не се води така.

Промоторите секако се заинтересирани за новиот формат бидејќи тој генерира многу поголем интерес првиот ден од викендот поради преместените квалификации.

Лидерите на Formula 1 се решени да го задржат концептот, но сега би имале две одделни трки.

Така, главната саботна сесија сега би се третирала како посебна трка која нема да има влијание врз неделната трка. Во еден момент се разгледуваше и, обратен стартен распоред, но идејата не беше поддржана.

До крајот на оваа сезона не очекува уште еден спринт викенд, кој ќе се одржи во ноември во Бразил.