За некои нема криза: Rolls-Royce урива продажни рекорди
2022 година е рекордна година
Светскиот пазар на автомобили се соочува со бројни проблеми во последните три години, но има производители на автомобили кои сепак успеваат да ги подобрат своите продажни резултати. Rolls-Royce е еден од неочекуваните победници минатата година со рекордна продажба ширум светот.
Поточно, 2022 година е првата година во целата 118-годишна историја на производителот во која се испорачани повеќе од 6.000 возила во една година.
Со вкупно 6.021 продадени автомобили во 50 земји во светот минатата година, Rolls-Royce ужива уште една година со рекордна продажба. Блискиот исток, Азија-Пацификот и Европа, како и Соединетите Американски Држави, забележале највисок раст на продажбата од сите региони во однос на претходната година. Америка, пак, останува најголемиот поединечен пазар за британската марка, додека важноста на Кина е зголемена бидејќи земјата сега е втор пазар по големина за Rolls-Royce. Компанијата со седиште во Гудвуд, исто така, постигнала рекордна продажба и во Велика Британија и Германија.
Што е уште поважно, Rolls-Royce уживал во зголемената побарувачка за своите уникатни модели, што резултирало со тоа што купувачите плаќале во просек повеќе од 500.000 долари за нивниот нов Rolls-Royce. Блискиот Исток бил водечки водечки регион на брендот за „bespoke“ моделите.
Cullinan ја задржал својата позиција како најпродаван модел на марката, по што следе Ghost, кој бил најпродаван модел во азиско-пацифичкиот регион. Rolls-Royce, исто така, со гордост вели дека побарувачката за Spectre, првиот целосно електричен производствен модел на брендот, моментално ги надминува сите очекувања, но нема детални информации за бројот на резервации направени досега. Првите испораки на ултралуксузниот EV до клиентите се закажани за четвртиот квартал од оваа година.