За една недела треба да биде познат новиот календар на трки во Formula 1 за 2020
На вчерашниот состанок на FIA, разјаснети се многу детали околу календарот на трки за оваа сезона во Formula 1 годинава. Новиот календар за првенството се очекува да биде објавен следната недела
Од она што засега циркулира како информација, најсериозната промена во календарот во споредба со досегашните варијанти е преместувањето на ГН на Унгарија по двете трки во Австрија.
Растојанието помеѓу Red Bull Ring арената и Хунгароринг е само 420 километри. Границите во Централна Европа се отвораат и транспортот на караванот ќе биде лесен.
По овие трки може да се одржат две трки на Силверстон во Велика Британија – во август. Со ова ќе се избегнат проблемите со продолжување на периодот за изолација во Велика Британија.
Холандија веќе ја откажа трката во Зандворт за 2020 година поради неможноста за присуство на гледаќи, но затоа други трки како што е ГН на Шпанија може да бидат рганизирани. Виетнам инсистира на својата прва трка. Земјата е сосед на Кина и се смета за феномен во борбата против СОВИД-19. Со население од 95 милиони, има само 327 заразени, без смртни случаи.
Трките во Белгија и Монако, како и во Северна Америка, го задржуваат своето место во календарот.