Bugatti го исполни своето ветување и претстави уште една специјална изведба на Chiron

Во принцип, станува збор за перформанси прилагодени за попребирливите возачи. Тоа значи дека механиката е преработена, но сега со цел да се добие на динамика.

Тежината е малку намалена, за околу 19 килограми, со вградување на полесни фелни и сопирачки од титаниум. Суспензијата е значително поцврста, а електрониката изменета.

Моторот е ист, но сега со повеќе вртежи, се до 6.900 вртежи во минута. Преносот исто така претрпел корекции. Наводно, еластичноста е значително подобра, исто како и аеродинамиката зачинета со задно карбон крило широко 1,9 метри.

Се на се, 3,2 милиони евра без данок, а предвидени се само 16 примероци. Првиот ќе биде составен оваа година.