Porsche 911 од 1968 година за многумина е сон, па дури и во едно вакво издание

Особено ако до него може да се дојде по цена на еден просечен ручек во ресторан. Да, ова Porsche 911 навистина е во понуда, а за некој секако ќе стане уште попожелно бидејќи станува збор за репродукција потпишана од Zelectric. Наместо серискиот погон вграден е унапреден електричен погон од Teslа Model S P85 со над 500 КС.

Други податоци не се познати, но многу веројатно останува она дека Porsche си е Porsche, а тоа значи уникатно чувство за возење. Задржана е оригиналната зелена боја, а полначот е скриен под регистарската табличка. Затоа ентериерот е темелно реновиран, а автомобилот добил и бројни современи технологии, вклучително и соларни панели на покривот.

Сега сигурно се прашувати што е работата со цената. Автомобилот го понудил Музејот за автомобили Петерсен во форма на добротворна лотарија. Влогот е 10 долари, а победникот добива автомобил од 20,000 долари и џепарац од 20.000 американски долари. Ќе се сложите, звучи навистина интересно.

Повеќе информации на следниот линк.