За 40-oт роденден, Ибрахимович си се почасти со ново Ferrari / ФОТО
Популарниот фудбалер им се пофали на своите следбеници на социјалните мрежи со новото Ferrari SF90 Spider
Златан Ибрахимовиќ го прослави јубилејниот 40-ти роденден. Не се знае какви подароци добил на забавата која ја организираше во Милано, но се знае што сам на себе си подарил.
Популарниот Ибра ги извести своите следбеници на социјалните мрежи дека купил Ferrari SF90 Spider, најмоќното Ferrari во историјата кое може да се вози по јавни патишта.
Happy Birthday to Zlatan pic.twitter.com/ehYosTnwSR
— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) October 3, 2021
Станува збор за чистокрвен „спортист“ со максимални 1000 коњски сили и е најбрз кабриолет во светот. Автомобилот е со хибридно полнење, а големата моќ доаѓа од 4.0 V8 единица во комбинација со електрични мотори. Од 0-100 km/h моделот стигнува за 2,5 секунди, а максималната брзина е неверојатни 340 km/h.
Златан Ибрахимовиќ, кој важи за голем љубител на суперспортски автомобили, си подари моќни машини и за 38-от и за 39-от роденден.
Пред две години, тој купи Ferrari Monza SP2 за, како што беше тогаш наведено, 2 милиони долари, а во 2020 година стана сопственик на Porsche 911 Targa 4S Heritage Design Edition.