Wolksvagen, Hundai, Peugot, Porche, Mersedes… Автомобилски марки кои најчесто се грешат при пребарување во интернет пребарувачите
За само еден месец, името на Hyundai во интернет пребарувачите било погрешно впишано повеќе од два милиони пати
Според истражувањето на порталот Confused, кој ги анализирал податоците од пребарувањата на глобалните марки на автомобили во интернет пребарувачите, корисниците најчесто погрешно пребаруваат за Hyundai. За еден месец името на јужнокорејската марка е погрешно впишано дури 2,25 милиони пати!
За многу корисници енигма е и Volkswagen во чие име најчесто ги збунува првата буква. Колку и да звучат едноставно нивните имиња, главоболка предизвикуваат и Porsche, Toyota, Peugeot, Tesla, Mercedes, Bentley, Suzuki и Bugatti.
Покрај „10-те најкомплицирани“, постојат и други брендови и модели кои луѓето погрешно ги пребаруваат. Така, италијанскиот Fiat се пребарува како „Fiatt“, Ferrari под „Ferarri“, Renault како „Reno“, Infiniti како „Infinity“, a Alfa Romeo како „Alfa Romero“.
Меѓу моделите најчесто погрешно се пребаруваат Range Rover (Rang River), VW Touran (Turan), Kia Stinger (Stringer).
Бренд / Најчести грешки / Број на грешки месечно
1) Hyundai / Hundai, Hyndai / 2.249,400
2) Volkswagen / Wolksvagen, Volkswagon / 1.156,700
3) Porsche / Porche, Porshe / 1.011,000
4) Toyota / Totota, Toyata / 824,600
5) Peugeot / Peugot, Peigeot / 710,100
6) Tesla / Telsa, Tesl / 539,600
7) Mercedes / Mersedes, Mecedes / 489,500
8) Bentley / Bently, Benteley / 341,900
9) Suzuki / Susuki, Szuki / 317,900
10) Bugatti / Buggati, Bugati / 205,300