VW веќе развива R-верзија на електричното I.D. семејство
Иако сеуште го развива својот електричен сегмент, Volkswagen веќе има идеја како би изгледал нивниот EV модел со високи перформанси
Германскиот гигант со години работи на EV сегментот со цел да го „покори“ со семејството I.D., а продажбата на првиот хечбек модел ќе започне во 2020 година.
Но во Волфсбург веќе планираат и R верзија во овој сегмент, која би требало да биде достојна на оваа ознака.
Директорот на VW R одделот, Јост Капито, вели дека развојот на електрични возила со високи перформанси е многу динамичен и промени се случуваат од месец до месец, со што се создаваат потешкотии VW да ги финализира деталите за најбрзиот EV модел.
Капито не открива кој модел од VW се планира да ја понесе етикетата R, дали хечбекот или можеби кросовер моделот базиран на I.D. Crozz Concept.
VW веќе ја покажа моќта на електричниот погон во својот I.D. R Pikes Peak автомобил кој пред неколку недели го собори рекордот во познатата планинска патеката од 20 километри во Колорадо.
Во меѓувреме, VW планира да лансира неколку нови R модели базирани на Т-Roc и Tiguan, но и Аrteon.