VW покажа како ги тестира новите сопирачки на Chiron / ВИДЕО
Сопирачките на хиперавтомобилот на Bugatti се изработени од титаниум на 3D-принтер
Групацијата Volkswagen објави видео од тестирањето на првите титаниум сопирачки на светот отпечатени на 3D печатач. Истите претставуваат моноблок чија вкупна тежина е 2 килограми помала од истите направени од алуминиум, а ќе бидат поставени на хиперавтомобилот Bugatti Chiron.
Сопирачките се направени од титаниумски прав, а за печатење е користен 3D-печатач од компанијата Laser Zentrum Nord. Самиот процес на изработка трае 45 часа, време за кое четири ласери со моќност од по 400 вати печатат по 2.213 слоја од титаниумски прав и го претвораат во една компонента кој потоа се подложува на термички, хемиски и механички третман за да биде поотпорна на деформација.
Финалната должина е 41 cm, ширина 21 cm, а висината – 13,6 cm. Тежината на системот за сопирање е само 2,9 килограми за разлика од оној кој сега се користи во Bugatti Chiron и тежи 4,9 килограми.
Bugatti Chiron е опремен со 8.0-литарски W16 мотор со 4 турбини, кој развива 1.500 КС и 1600 Nm вртежен момент. Агрегатот се комбинира со 7-степен роботизиран менувач со двојна спојка и систем за погон на четири тркала. Моделот Chiron од 0 до 100 km/h забрзува за 2,5 секунди, а максималната брзина е 420 km/h.
https://youtu.be/hPkY8nBWxoU