Меѓу првите клиенти се нафтените компании, компаниите кои се вклучени во трансплантација на органи и туристички компании

Ehang 216

Кинескиот производител EHang, во Виенa за прв пат на јавноста и го претстави свето дрон-такси со цел популаризација на својата технологија.

Беспилотното летало EHang 216 ќе може да превезува двајца патници на мала висина и одалеченост до 35 километри и на тој начин ќе обезбеди нови начини на превоз во градовите, велат од компанијата.

Технологијата веќе сега е подготвена за сериско производство, но овој тип на летала сеуште немаат одобрение од воздухопловните власти, вели маркетинг директорот на компанијата, Дерик Ксионг. Нашиот главен предизвик веќе не е технологијата, туку законите и дали јавноста е подготвена да ги користи овие уреди, дополни Ксионг на прес-конференцијата во главниот град на Австрија.

На кратко тест возење биле поканети присутните новинари и фотографи – вертикално подигање до десет метри, а потоа и спуштање до почетната точка на фудбалскиот стадион каде била презентацијата.

И покрај фактот дека беспилотните летала се уште не се регулирани со закони, компанијата има илјадници пред-нарачки и планира да започне со сериско производство веќе следната година во соработка со австриската аеронаутичка група FACC.

Меѓу првите клиенти се нафтени компании, компании кои се вклучени во трансплантација на органи и туристички компании. EHang 216 нема да биде понуден за продажба на приватни клиенти.

Извршниот директор на FACC, Роберт Махтлингер, вели дека веќе има одработено 7.000 часа летови, кои вклучуваат две илјади луѓе.

Меѓу компаниите кои развиваат ваков тип на летала се и Airbus, Boeing и германскиот Volocopter.

Австриската компанија до 2021 година планира да произведе 300 дрон-такси летала.