VW подготвува уште еден електричен концепт – кросовер I.D. Roomzz
Производителот на Волфсбург тврди дека ова возило ќе има сосема нова конфигурација на седиштa во споредба со постоечките автомобили
Електричниот концепт I.D. Roomzz ќе дебитира на 16 април на саемот за автомобили во Шангај, како уште еден во серијата концептни автомобили на електричен погон кој ја најавува електричната револуцијата на Volkswagen.
Германскиот производител тврди дека производната верзија на овој кросовер на пазарот во Кина ќе стигне во 2021 година, а потоа и во други земји ширум светот.