На пазарот има малку модели кои може да се спротивстават на налетот на Tesla на европско тло. Сепак, во сегментот на градски модели ситуацијата е поинаква, бидејќи американскиот производител нема свој адут

Освен електрифицираниот Volkswagen Up! и Renault Zoe, во овој сегмент и нема избор. Сепак наскоро ќе им се приклучи дуото од групата PSA во форма на електрични верзии на Peugeot 208 и Opel Corsа. Во Renault го имале ова на ум, па уште пред доаѓањето на Clio, ја лансираат втората генерација на нивниот популарен електричен автомобил.

Renault Zoe е најпродаваниот електричен модел со европски корени и најпопуларниот градски електричен модел, а сега има и ново издание.

Освен еволуцијата во однос на дизајнот, механиката е целосно обновена. Капацитетот на батеријата е зголемен на 52 kWh, па сега автономијата според WLTP достигнува 389 километри. Батериите се компатибилни и со брзите полначи, така што на Zoe за 145 километри автономија му се потребни само половина час поврзаност со 50 kW полнач. Еден час и 22 kW полнач значат автономија од 126 километри. Ако батериите се полнат преку ноќ на домашен полнач од 7 kW, за 100 проценти капацитет на батерискиот систем ќе бидат потребни помалку од 9,5 часа.

Со втората генерација, погонскиот елетромотор R135 е со максимум 135 КС и 245 Nm вртежен момент. Renault Zoe сега до стотка стигнува за 10 секунди и вози до максимални 140 km/h. За меѓу забрзување од 80 до 120 km/h, потребни се 7,1 секунди или 2,2 секунди помалку од 110 КС моќниот претходник, кој исто така останува во понудата.

И двете верзии добиваат Б-режим на возење кој овозможува возење со една ножна команда, како кај Nissan Leaf.

Надворешно гледано, воочливо е новото LED осветлување, како и дизајнот на фелните и предната маска. Во салонот пак кокпитот е сосема нов со 9,3-инчен екран од инфозабавниот систем, а тука е и 10-инчната инструмент табла.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1XNNvaMMHD77erGM0zBvT4F9obOyQIHPj” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Треба да се напомене дека за одредени функции, доволен е мобилен телефон и соодветна апликација.