Време е за рестајлинг на Seat Ibiza и Arona
Премиерите на рестилизираните модели ќе бидат најважните настани за Seat оваа година
Не е тајна дека раководството на производителот од Барселона е незадоволно од комерцијалниот успех на споменатите модели, па затоа може да се очекува пообемно ажурирање за овие модели.
Сè уште не е познато кога ќе ја видиме ажурираната Ibiza, а според шпанските медиуми освежената Arona ќе биде претставена во текот на следниот месец.
Врз основа на претходните шпионски фотографии, може да се заклучи дека Seat значително ќе ја подмлади Arona. Овој компактен SUV модел ќе добие малку поинаква предна решетка, модифицирани светлосни групи и напред и позади, нови браници, а во понуда ќе бидат и нови бои за каросеријата и ново дизајнирани фелни. Во кабината треба да се користат поквалитетни материјали, како и да се постави поголем екран за контрола на инфо-забавниот систем.
Кога станува збор за гамата на мотори, понудата во суштина ќе се заснова на 1.0-литарски погонски TSI агрегати, а најмоќниот мотор во гамата останува 1.5 TSI со 150 КС. Се зборува за можна примена на благ хибриден систем, што изгледа сосема логично, а на дизелот скоро сигурно ќе му биде кажано „Збогум“. Веќе некое време, шпанските стручни портали објавуваат дека овој кросовер ќе добие TGI мотор, но во моментов за тоа нема официјална потврда за тоа.
Останува да се види какви промени ќе донесе освежената Seat Ibiza. Петтата генерација на овој хечбек на автомобилската сцена е присутна од 2017 година, и време е за рестајлинг, со оглед на тоа што моделот е на половина од својот животен циклус. Се очекува и Ibiza да го следи актуелниот тренд, а тоа значи исто така „Збогум“ за дизел моторите.