Засегнатите клиенти ќе треба да потпишат формулар со кој се потврдува промената во спецификациите кај нивниот локален дилер за BMW

Многумина од нас денес не можат да си го замислат животот без притискање со прстите на големите екрани во возилата, но некое време ќе мора да се помират со животот без таа функционалност, барем кога станува збор за BMW. Во изјава за порталот Edmunds, BMW потврди дека поради недостаток на чипови ги менува своите планови:

Оваа мерка е резултат на проблемите во синџирот на снабдување на целата индустрија кои влијаат на производството на автомобили ширум светот и предизвикуваат ограничувања во достапноста на некои функции или опции.

Засегнатите клиенти ќе треба да потпишат формулар со кој се потврдува промената во спецификациите кај нивниот локален дилер на BMW. Возилата без екран на допир исто така ќе треба да го ажурираат софтверот пред да бидат предадени на клиентите.

Поради сето ова, инфозабавниот систем ќе може да се управува преку iDrive контролерот (можеби уште поелегантен и побезбеден начин) и гласовни пораки. Од карактеристиките нема да биде достапна само напредната опција за паркирање. BMW великодушно им подарува ваучер од 500 долари на клиентите – можеби да си купат мобилен телефон или таблет со екран на допир…

Моделите кои ќе одат без опцијата екран на допир се Серија 3, Серија 4 CC, Серија 4 Gran Coupe и X5, X6 и X7.