Компанијата Maxi-Cosi започна со производство на првото седиште за деца, опремено со воздушни перничиња. Моделот се нарекува AxissFix Air и е наменет за патници помеѓу 61 и 105 cm висина

На задната страна се наоѓаат две перничиња кои се активираат 0,05 секунди во случај на несреќа. Производителот тврди дека воздушните перничиња ја намалуваат силата на ударот за 55% во областа на главата и вратот на детето кое се вози.

Засега уред кој е опремен со систем за прицврстување Isofix и може да се ротира за 360 степени, а достапен е само на пазарот во Велика Британија, со цена од околу 780 долари. Наскоро се очекува и извоз за Европа и многу други држави.