Со оглед на тоа што современата технологија станува пософистицирана, дополнителната опрема станува се поважен фактор во изборот на автомобил

Интересно, последниве години, многу клиенти би платиле неколку стотици евра повеќе за алуминиумски бандажи, поголема мултимедија и слични технолошки додатоци, но не на поголем и помоќен погонски агрегат.

Една студија во Велика Британија покажува дека најмногу пари за галантерија во просек трошат купувачите на премиум автомобили, што е логично, а тука отскокнува Porsche со просек од 8.245 дополнителни евра на основната цена.

Ова е износ за кој е можно да се купи сосема нова Dacia Sandero на островот. По купувачите на Porsche, доаѓаат клиентите на BMW (4.150 €), а потоа на Mini со 3.685 евра.

Зад нив се Audi со 3.600 и Mercedes-Benz со просек од 3.530 дополнителни евра на основната цена на моделот. За споредба, купувачите на автомобилите на Volkswagen трошат околу 1.150 евра за опрема, а на FIAT околу 435 евра.