По долг период на шпекулации, од вчера е официјално. Во соседна Србија започна мерењето на просечната брзина на возење на сите делови од автопатиштата

Сообраќајната полиција ќе го казнува секој кој, дури и за еден километар, ги надминал дозволените 120 km/h.

Камери се инсталирани на сите потребни места, а просечната брзина ќе се мери врз основа на времето поминато од една до друга наплатна рампа.

За домашните возачи казните ќе пристигнуваат на домашна адреса, додека странците  од сообраќајната полиција ќе бидат застанувани веднаш на наплатна рампа, а казната ќе треба да ја платат кај најблискиот судија за прекршоци. Секој возач, информацијата за просечната брзина може да ја види на сметката издадена на наплатните станици.

За оние што мислат дека казната може да се избегне со евентуално краткотрајно застанување на бензинска пумпа или некое одморалиште, информација дека ќе биде зголемен бројот на возила „пресретнувачи“ на сите делови од српските автопатишта.

Како пример, за делот Суботица-Ниш со должина од 423 километри, дозволено време на минување е три часа и 31 минута, додека делницата Белград-Ниш не може да се помине побрзо од еден час и 58 минути. Минималното време за да не се надминат просечните 120 километри на час од Белград до Суботица е еден час и 34 минути. Од граничниот премин со Унгарија, Хоргош, до Прешево, делница долга 537 километри, не може да се помине побрзо од четири часа и 16 минути.

За казните…

За возење со брзина од 120 до 140 километри на час, казната е во износ од 3.000 динари (околу 1.560 денари), додека за возење со просечна брзина од 141 до 150 километри на час треба да плати парична казна од 5.000 динари (околу 2.600 денари).

Со парична казна од 10.000 динари (околу 5.200 денари) ќе бидат казнети оние чија просечна брзина на движење е од 151 до 160 километри на час. Паричната казна од 10.000 до 20.000 динари (5.200-10.450 денари) е наменета за оние со просечна брзина од 161 до 180 километри на час, плус три негативни поени и еден до 12 месеци без дозвола.

За се што е над овие брзински лимите следат навистина драконски казни. Парични казни од 20.000 до 120.000 динари, затворска казна до 60 дена, одземање дозвола…