Електрификација на секој од моделите на Volvo, по 2019 година, ќе биде следена и со „купеизација“ на целата SUV гaма, вклучувајќи го и XC50, според информациите кои доаѓаат од шведскиот производител

Volvo е заинтересиран да ги пополни пазарните празнини во своето 4 × 4 портфолио, со воведување во понуда на SUV модели со купе стајлинг, но овој процес ќе се случува дури по исполнувањето на зацртаните планови и ветувањата кон јавноста, во однос на електрификацијата на целата моделна гама, што е најавено за периодот по 2019 година.

Новиот XC40 е позициониран под XC60 и XC90, а со своето деби на пазарот во сосема нов сегмент за Volvo, доведе до тоа компанијата за прв пат во својата историја, да има три кросовери во понудата истовремено.

Лекс Керсемакерс, виш заменик претседател на Volvo за Европа, Блискиот Исток и Африка, вели: „Со нашата понуда покриваме речиси 98% од сите сегменти, па затоа е поверојатно дека ќе продолжи да ја продлабочуваме понудата, наместо да ја прошируваме“.

На прашање дали тоа значи повеќе верзии на постоечката SUV понуда со купе стил, онака како што тоа го направи BMW со своите модели X2, X4 и X6, тој вели: „Веројатно дека значи, но сигурно не во краток рок“.

Volvo неодамна ги заштити правата на индексот XC50, што секако наведува на помисла дека ова име ќе се икористи за првото Volvo SUV купе.

Што се однесува до краткорочните планови, следното ново Volvo ќе биде S60 седан. Во меѓувреме, инженерите на Volvo се нагажирани околу серијата 40 односно моделот V40, кој ќе биде претставен пред истекот на оваа декада.