Шведскиот бренд и официјално става точка на развојот на нови дизел мотори

Најновата генерација дизел мотори на Volvo ќе биде лансирана во јуни оваа година. Според челниците на брендот, тие очекуваат животниот век на овие мотори да потрае од три до пет години, по што компанијата ќе продолжи да нуди дизел мотори, но само ако има побарувачка за нив.

Volvo ја извести јавноста дека новите дизел мотори ќе бидат вклучени во сите сегашни модели во гамата. Сепак, ниту еден нов автомобил од новата генерација не би требало да добие дизел мотори.

Швеѓаните истакнуваат дека е невозможно да се борат на неколку фронтови. Доколку електрификацијата има предност, тогаш невозможно е истовремено да се развие нова генерација на дизел мотори, и обратно. Значи, Volvo во јуни го дава последниот збор на „дизелашите“. Иако сеуште нема официјални податоци, се очекуваат агрегати со многу ниска потрошувачка и ниска емисија на штетни гасови.