Познатиот јапонски производител под капата на новиот сопственик мора да размислува пазарно, што значи преземање на драстични бизнис потези

Mitsubishi и Lancer Evo многу години наназад се мерило за перформанси и поим за спортски автомобил. Сепак, денес, Mitsubishi такви автомобили повеќе не нуди, а како што стојат работите, нема ниту во иднина. Токму така, Mitsubishi целосно го менува фокусот на интерес насочувајќи се кон SUV сегментот.

Таквиот впечаток добива и потврда од самата компанија. Првиот човек на Mitsubishi за Велика Британија, Роб Линдли, за изданието Car Throttle потврдува дека SUV моделите се сега главен приоритет за компанијата.

„Фокусот на Mitsubishi сега се SUV и кросовер автомобилите, 4WD погонот и алтернативните извори на енергија. Mitsubishi и предходно се репозиционираше, без разлика дали зборуваме за стилот на Spacestar и спортските автомобили (Evo), и не е дека немаше јасен фокус“, објаснува Линдли.

Во Mitsubishi, исто како и во Ford, веруваaт дека SUV автомобилите се иднина и затоа забрзано работат на промена на гамата. Личната програма полека исчезнува, иако во Ford, на пример, се одлучија да го задржат Mustang. Но, тој е толку силен што може да постои како посебен бренд. Од друга страна, Toyota одлучи да ja обнови спортската програма со лансирањето на Suprа и подготовката на новиот GT-86, а ќе бидат лансирани и спортски изведби на компактните модели.

И да бидат работите уште полоши за фановите на брзината и октаните, името Eclipse, Mitsubishi ќе го задржи за кросовер модел, додека Evolution треба да стане синоним за електричен кросовер модел.