Volvo планира целосно префрлaњe на производство на електрични автомобили до 2030 година
Шведската марка го врти грбот дури и на plug-in хибридите, и се посветува на целосно електрични возила
Така, Volvo планира да ги отстрани од портфолиото сите модели кои имаат SUS мотор до 2030 година. Не само оние кои ја користат SUS единицата независно, туку и таму каде што е во комбинација со електричeн мотор, односно таканаречените plug-in хибриди. Дали е ова храбра, но и ризична одлука ќе покаже времето.
Volvo потврди дека значително ќе ja зголеми својaта електрична гама во наредните години, а до 2025 година половина од продадените возила од таа марка ќе бидат електрични автомобили, барем такви се очекувањата на производителот.
Првиот човек на скандинавската марка Хакан Самуелсон вели дека Volvo се одлучил на амбициозен потег.
„Наместо да инвестираме во бизнис што забавува, решивме да гледаме кон иднината – електрична мобилност и продажба преку Интернет. „За да продолжиме да растеме, ни треба профит“, вели Самуелсон.
Очигледно е дека електрификацијата и дигитализацијата одат рака под рака, затоа што Volvo во иднина сака да продава поголем дел од своите автомобили преку Интернет. Тие се решени да обезбедат и да го олеснат што е можно повеќе процесот на купување и продажба. Нарачката на автомобили ќе се врши преку нивната веб-страница, а самиот метод ќе биде многу лесен и без компликации.