Шведската марка го врти грбот дури и на plug-in хибридите, и се посветува на целосно електрични возила. А таков е и новиот купе кросовер С40 Recharge

Шведската компанија произведуваше хечбек C30 со три врати, како и купе и кабриолет со ознака C70, во различни временски периоди. Но, се чини дека нивното време го нема засекогаш. Сега во мода се купе кросовер модели, а во иднина овие модели ќе ја носат ознаката Ц, во гамата на скандинавската марка.

Првиот од тоа семејство штотуку го виде светлото на денот – Volvo C40. Како што сугерира името, тој се базира на моделот XC40, но нема да се нуди воопшто со бензински или дизел мотор, туку само како автомобил на батерии!

Верзијата со купе форма е 69 mm пониска од оригиналниот кросовер и има различен заден дел. Секако, има и други изменети детали. На пример, формата на предните светлосни групи е поинаква, а решетката ја изгубила рамката. Тука се и новите браници, како и правоаголните светла за магла, наместо овалните на XC40. Се на се доволно корекции за да своја каректерна линија.

За ентериерот на новитетот знаете се ако знаете за ентериерот на XC40. Сепак, има нешто ново кое доаѓа со C40.

А тоа значи, виртуелна инструментација и мултимедијален систем поставен во средина. Тој користи оперативен систем Android Automotive OS, што овозможува функција за безжично освежување, а достапни се и голем број апликации поврзани со електромобилноста. 

Линијата на покривот во задниот дел на теренецот сличен на купе е таква што нуди 62 mm помалку простор во висина во салонот. Природната кожа не се користи во конструкцијата на патничката кабина на новиот модел, ниту може да се нарача, дури и ако сте подготвени да платите дополнително за тоа. Достапни се разни ткаенини или пак „оригинален скај“, што е нова мода помеѓу производителите.

Двата кросовери се технички идентични. Volvo C40 Recharge има два електромотори, така што секоја оска има своја единица. Вкупната моќност на ова дуо е 408 „коњски сили“ и 660 Nm вртежен момент.

Батеријата има капацитет од 78 kWh. Монтирана е под подот и интегрирана во каросеријата. Фабрички деклариранта автономија со едно полнење е 420 километри, според протоколот WLTP (кај XC40 е 20 километри поскромен). Полнењето на батеријата од нула до 80% од капацитетот трае 40 минути, ако полначот е 150 kW.

Забрзувањето до 100 km/h трае само 4,9 секунди, додека максималната брзина, како и кај сите модели на Volvo, почнувајќи од 2020 година, е ограничена на 180 km/h.

Интересно, новата форма на каросеријата дозволува купе кросоверот да нуди повеќе литри корисен простор во багажникот од XC40 (431 литри наспроти 413 литри кај XC40). Покрај тој простор за багаж, кој се наоѓа на вообичаеното место (на задниот крај), тука е и онј дополнителен напред од 31 литар.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”19G2fqA_BqIgyp7lqYES1mtJTv1voa66R” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Volvo C40 ќе се прави во фабриката во Гент, Белгија, каде што произведува и XC40.

Точниот датум на стартот на продажбата, како и цените, ќе биде објавени подоцна.