
Volvo наведува дека емисиите настанати од производството на EV, може да бидат 70% повисоки од бензинските модели
Volvo посочува дека EV C40 Recharge има далеку помал јаглероден отпечаток од неговата споредлива бензинска верзија за време на „фазата на употреба“
Од Volvo велат дека емисиите од производството на електрични автомобили би можеле да бидат многу повисоки од бензинските еквиваленти, по што ги повика светските лидери и добавувачи на енергија да ги зголемат инвестициите во зелена енергија, за да се намали јаглеродниот отпечаток на plug-in моделите.
Тврдењата се изнесени да се совпаѓаат со климатскиот самит COP26 во Глазгов и како дел од револуционерниот нов пристап на брендот кон транспарентноста, кој го вклучува објавувањето на најновиот извештај „Проценка на животниот циклус“ за целосно електричниот C40 Recharge вреден 57.400 фунти.
Извештајот заклучува дека емисиите на стакленички гасови за време на производството на електрични возила се речиси 70 проценти повисоки од производството на бензински модели, главно како резултат на интензитетот на јаглерод во производството на батерии и челик, како и зголемената содржина на алуминиум во plug-in автомобилите.
Volvo истакнува дека EV C40 Recharge има далеку помал јаглероден отпечаток од неговата споредлива бензинска верзија за време на „фазата на употреба“. Но, сепак, ќе биде потребен подолг период на сопственост за да се надоместат повисоките емисии од производството. „Електричниот Volvo C40 треба да помине околу 110.000 километри за да има помал јаглероден ефект од бензинската верзија“.
Кога се полни со чиста енергија, како што е онаа што произлегува од ветерот, животниот циклус на CO2 од новиот електричен SUV се намалува на приближно 27 тони, што е речиси половина помалку од 59 тони од компактниот SUV XC40 придвижуван од бензински мотор. Ако C40 Recharge се полни користејќи глобална енергетска мешавина, која е 60 проценти добиена од фосилни горива, тогаш таа бројка се зголемува на дури 50 тони, со значително намалени придобивки за животната средина во споредба со возилата со конвенционален погон.
Од Volvo велат дека веќе преземаат активни чекори за справување со овие емисии, вклучително и планираната соработка за развој на челик без фосили и со своите добавувачи на батерии за производство на батерии со 100 проценти обновлива енергија. Притоа, шведската компанија ги повикува другите производители да ги преземат истите чекори.