Во чест на празникот, „Денови без автомобили“, Volvo и Casca претставија еколошки пар патики инспирирани од електричниот Volvo XC40 Recharge

Покрај дизајнот инспириран од скандинавскиот електромобил, 10% од ѓоновите се направени од рециклирана гума. Но ѓоновите не се единствените еколошки прифатливи делови од обувките, бидејќи горните делови се направени од седум рециклирани пластични шишиња претворени во предиво.

На патиките има и мало шведско знаме, како и линија и панели дизајнирани да потсетуваат на фаровите во облика на чеканот на Тор (во таа естетика се дневните светла на моделите на Volvo).

Иако соработката е малку невообичаена, двете компании работат на тоа да станат еколошки поприфатливи. Casca има за цел сите свои плетени горни делови да ги прави од рециклирани или обновливи материјали, додека Volvo беше меѓу првите кој ги објави амбициозните планови во врска со електрификацијата. Желбата на Швеѓаните е електричните автомобили до 2025 година да имаат удел од дури 50% во продажбата на брендот, а до 2030 година во портфолиото да имаат само EV модели.

И двете компании имаат усвоено етички производствени мерки кои ја намалуваат употребата на енергија.