Далеку е 1958 година, време пред автоматизација на производствените процеси, роботи, зголемување на куповната моќ на населението…

Податокот од насловот најдобро ја прикажува моменталната ситуација со недостаток на чипови во автомобилската индустрија. Според внатрешните проценки, од главната фабрика во Волфсбург ќе излезат ист број автомобили како и во 1958 година, пренесува Die Zeit. Во првите три квартали се произведени само 300.000 возила.

Причината за актуелната криза е недостатокот на полупроводници, што редовно доведува до прекини на производството не само во Волфсбург, туку и во другите фабрики за автомобили.