Правилното прилагодување на суспензијата може донекаде да го неутрализира негативниот ефект од тежината на возилото, а тоа целосно може да се види во тестот за избегнување одработен од Porsche Taycan Cross Turismo

Кога станува збор за зборот „одработен“, тоа во овој случај има значење само донекаде, бидејќи масата на возилото е едноставно преголема за системот за поддршка да се справи со него во одредени ситуации.

Можеби ви е познато, а можеби и не, за да може возилото успешно да го помине тестот на шпанската публикација, мора да го стори тоа со минимална брзина од 77 km/h. Во случајот со ова Porsche, успешноста е само до 74 km/h. Сè надвор од тоа значело рушење на конусите (препреките).

Ова е интересно бидејќи стандардниот Taycan Turbo S со иста моќност, го положил испитот со 78 km/h. И не само моќноста. Иста е и ширината, а речиси и тежината со Cross Turismo. Зошто тогаш резултатите се толку различни?

Во видеото се истакнува дека ширината на Cross Tourismо претставува предизвик на тесната лента, но како што споменавме, караванот е со иста ширина како и седанот. Меѓутоа, авторите велат дека Cross Turismо има гуми од друг производител, што е особено важно бидејќи различните гуми значително влијаат на конечниот резултат од тестот.

Покрај тоа, Cross Turismo е малку повисок и потежок од стандардниот Taycan. Разликата не е голема, но факт е дека управувањето со повисокото возило е полошо. Ова особено важи за електричните автомобили како Taycan Cross Tourismо, бидејќи тежи дури 2.404 килограми. Дури и мало зголемување на клиренсот може да ги компромитира брзите промени на правецот.

За Taycan Cross Turismo, тоа е единствениот проблем во овој случај. Станува збор за брилијантно склопен автомобил со поголема брзина, што овозможува предвидливост и стабилност. Во споредба со Ford Mustang Mach-E од пред неколку недели, Cross Turismo изгледа многу постабилно. Меѓутоа, неговиот единствен проблем е што не може да се сврти доволно брзо за до избегне кршењето на конусите, ниту при влегување или излегување, ниту во двата случаи.