Секој што сака еден од ID моделите на Volkswagen, ќе мора да изврши нарачка преку интернет

Германскиот бренд преку интернет продажба сака да ја минимизира потребата од лагерирање на автомобили, така што производството ќе се заснова на принципот на примени нарачки. Покрај тоа, купувањето преку интернет ќе се одвива на таков начин што автомобилот ќе има фиксна цена, така што старото добро „ценкање“ со дилерите или консултантите за продажба треба да замине во историјата.

Тоа сепак се уште не ги исклучува изложбените салони од целата приказна, па така истите сепак остануваат дел од целото искуство. Тука ќе можете да закажете тест возење на еден од електричните модели што Volkswagen ќе ги понуди во блиска иднина. Покрај тоа, оние кои не се справуваат најдобро со купување преку интернет, ќе можат да го сторат истото во салонот, со присуство на советник кој ќе им помогне да го завршат процесот на нарачување на своето ново милениче на четири тркала што е можно побрзо.

Овој вид на однесување е доста слично на она што го прави Tesla со своите автомобили. Сепак, една разлика ќе биде клучна. Американскиот бренд ги доставува автомобилите директно на адресата на клиентот, додека Volkswagen возилата ќе ги испорачува до изложбен салон по избор на клиентот.