Рестилизираниот Hyundai i30 ќе се склопува во фабриката во Ношовице, Чешка, каде овој модел се изработува уште од 2008 година и неговата претходна генерација

Станува збор за првиот Hyundai со префиксот „i“ во ознаката на моделите и кој со над милион единици продадени во Европа од 2007 година, важи за еден од најуспешните автомобили на корејската марка на европскиот пазар.

Рестилизираната верзија беше претставена на почетокот од март оваа година. Официјалната промоција требаше да се одржи на Саемот за автомобили во Женева, но за жал овој настан беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

Редизајнирани се хечбек, фастбек и караван верзијата, а Hyundai посветил осебно големо внимание на N Line верзиите.

Стилиските промени на надворешноста на возилото вклучуваат нова, поширока решетка на ладилникот, која има малку поинаква текстура, како и редизајн на фаровите (со нови LED дневни светла во V-форма) и браникот. Промените се видливи и во задниот дел, каде дизајнерите го промениле изгледот на браникот, а стоп-светлата исто така имаат препознатлив V LED потпис. Од корејскиот производител велат дека со мали корекции ја подобриле и аеродинамиката на возилото.

Редизајнирани се и алуминиумските тркала, кои можат да бидат од 16 или 17 инчи за стандардните верзии на i30, односно 18-инчни за N Line верзиите.

Кога станува збор за N Line верзиите, тие се достапни на hatchback и fastback верзијата. Од стандардните верзии се разликуваат по поинаквата решетка на ладилникот, редизајниран заден дифузер и специфичен дизајн на тркалата. N Line моделите се разликуваат не само во стилските детали, туку и во механичките. Тие имаат специјално прилагоден систем за суспензија и управување.

Понудата на освежениот i30 е проширена и со три нови бои на каросеријата: Dark Knight, Silky Bronze и Sunset Red, така што палетата на бои сега бои девет нијанси.

Најзабележителната промена во патничката кабина е поврзана со новите дигитални екрани. На инструмент таблата има 7-инчен дисплеј, а мултимедијалниот систем има голем, централно поставен 10,25-инчен екран. Функциите за поврзување и интеграција на паметните телефони – Android Auto и Apple CarPlay, сега се стандардни. Тука е и опцијата за безжично полнење на мобилните телефони.

Кога станува збор за моторизацијата, 1.0-литарскиот T-GDI со 120 КС сега може да се нарача не само со 6-степен мануелен, туку и со 7-степен автоматски менувач со двоен спојка.

На купувалите им е достапна и верзија на овој мотор со 48-волтен „благ хибриден“ систем и мануелен менувач кој што автоматски ја исклучува погонската единица кога ќе се ослободи педалот за гас заради заштеда на гориво. Овој прекин има два степена – во првиот моторот сеуште работи, но во лер, додека во вториот сепен привремено е исклучен целосно. И за оваа верзија исто така е достапен 7-степен менувач со двојна спојка.

Од Hyundai велат дека хибридниот систем од 48 волти ќе им биде достапен и на клиентите кои ќе се определат за 1.6-литарскиот дизел мотор со 136 КС, како и 1.5-литарскиот Т-GDI турбо-бензинец со 160 КС, а изборот на менувачот исто така вклучува мануелна и автоматизирана опција со двојна спојка.

Од корејскиот производител наведуваат дека понудата на системи за помош е исто така подобрена, односно дека Hyundai i30 има најсовремени безбедносни технологии во својот сегмент.