Volkswagen работи на поевтинa Golf „Light“ верзија?
Автомобилите се повеќе и повеќе личат на мобилни телефони. Како што „предводниците“ во областа на паметни телефони имаат свои поевтини Light верзии, така и Volkswagen има намера да лансира Golf Light верзија
Рака на срце за вакво нешто првпат се зборува, а за идејата пишуваат германските медиуми.
Golf е една од најстарите „живо“ автомобилски имиња. Со секоја нова генерација станува поскап, но и понапреден и попрестижен. Треба да се има на ум дека тогаш кога VW го има лансирано својот најпопуларен модел, Германија и не била толку голема индустриска сила како што е денес.
Зошто Golf Light? Јасно е дека Up! e премногу мал за да се задоволат потребите на добар дел од корисниците, па затоа е многу веројатно дека во догледно време ќе биде еутанизиран, но ќе се задржи во електрична верзија.
Golf Light е замислен со по кутиест облик и едноставен дизајн со ретро шарм. Се чини дека Германците овде се инспирирани од концептот на EV на Honda. Основниот погон е 1.0-литарски турбо мотор со пет-брзински мануелен менувач. Дали тоа значи дека DSG нема да постои како опција? Што се однесува до внатрешноста, во игра се потврда пластика и поедноставна поставка.
Што се однесува до цените, треба да се очекува да се најде на помеѓу помеѓу најскапата Dacia и Skoda со пониско ниво на опрема. Исто така, новитетот би требало на почива на MQB A0 платформата, додека „вистинскиот“ Gоlf ќе биде технолошки многу понапреден, со хибриден систем и UX инфо-забавен систем.
Помалку RAM меморија и послаб процесор можеби и поминуваат кај телефоните, но кога станува збор за автомобилите, некои стандарди, особено безбедносните, мора да се почитуваат, особено кога станува збор за угледот на Volkswagen, кој не може да биде компромитиран.