Volkswagen подготвува електричен кросовер по цена од 18.000 евра?!
Во подготовка се и седан и караван со средна големина
Иднината на германскиот бренд е дефинитивно „електрична“ и вклучува цела низа на различни костуми, а не само оние кои се јавно рекламирани, како што се I.D. Crozz, I.D. Buzz и I.D. Vizzion.
Имено, најновите вести велат дека на пат е супер евтин кросовер од B-сегментот, заедно со претходно споменатите седан и караван. Бројката за кој станува збор е 18.000 евра. Се чини дека тоа е во согласност со неодамна усвоениот слога „Електрични за сите!“.
Сепак секогаш некои работи треба да се примат со резерва. Овде не станува збор за официјална најава или за нешто готово. На патот кон остварување на такво нешто има различни пречки кои треба да се отстранат. Исто така, многу е веројатно дека не станува збор за модел како Hyundai Konа со 400 километри автономија и 64 kWh батерија, па според тоа, потребно е да се „прилагодат“ очекувањата.
Ако сè биде како што е планирано, овој електричен модел треба да се симнува од производствените линии во Емден. Фабриката се наоѓа на северот од Германија, во близина на границата со Холандија, а таму во моментов се произведува и Passat. За успешно завршување на транзицијата кон фабрика за електрични автомобили, потребен е „амин“ и од синдикатите. За да истиот се добие, бројот на изгубени работни места мора да биде компензиран со нови.
Иако проекцијата на Volkswagen е околу 200.000 единици годишно, кога станува збор за „прифатлив“ кросовер, ќе има тука и некои дополнителни капацитети. За многу работници да не седат со скрстени раце, за оваа локација е резервиран уште еден модел, I.D. Aero, автомобил со средна големина во седан и караванска изведба.
Она што треба да се очекува е целата ситуација да биде појасна по состанокот на надзорниот одбор, закажан за 16-ти ноември. Ова тело се состои од 40 членови, меѓу кои и претставници на синдикатите, кои можат да стават вето на сите можни одлуки.