Пожарите кои брзо се шират уште еднаш предизвикуваат смрт и уништување во Калифорнија. Комплетно се уништени над 100.000 хектари земјиште

Се вели дека пожарот се шири со стапка на раст од 80 фудбалски игралишта во минута.

Засега, бројот на жртвите од пожарите во Калифорнија е 31 лице, а од избувнувањето на пожарот во четвртокот па се до денес властите трагаат по уште 228 луѓе.

Агенциите претходно објавија дека околу 250 000 луѓе добиле наредба за евакуација со цел да го избегнат пожарот. Уништени се голем број домови, а пожарникарите се обидуваат да стават крај на огнената стихија. Метеоролозите предупредуваат дека лошите временски услови може да продолжат и оваа недела, а противпожарните бригади се надеваат дека ќе можат да го запрат пожарот.

Но како изгледа бегањето со автомобил од Калифорнискиот пекол? Застрашувачки снимки.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=5&v=d4kmmTc–Vg