Германскиот производител на автомобили се подготвува да лансира нови модели на пазарот на електрични автомобили, а меѓу нив може да се најде и Passat

Шпекулациите доаѓаат од Америка, и според нив, Volkswagen Passat се подготвува да ја „заврши кариерата“ како возило со мотор со внатрешно согорување, а понатаму ќе продолжи да се вози исклучиво во електрична верзија.

Јохам де Нишен, првиот човек на групата VW во САД, не дава информација кога би се случило ова, но секако не е многу реално дека тоа би се случило до крајот на 2020 година.

Продажбата на новиот Passat на редовно бележи пад. Интересно е тоа што во 2012 година биле продадени 117.023 возила, а во 2019 година само 14.123 возила, што дефинитивно е црвен аларм за компанијата производител.

На тој начин, Passat ќе се обиде да се „врати во игра“ преку пазарот на електрични автомобили, што не треба да биде премногу изненадувачки, особено ако се погледне I.D. VIZZION  концептот од 2018 година.