Погледнете како работи огромниот дисплеј на електричниот седан

Како што се приближува премиерата на електричниот седан на Mercedes-Benz, производителот продолжува да открива детали за моделот, со оглед на тоа дека техничките карактеристики веќе се познати. Новост е видеото кое го прикажува футуристичкиот дизајн на салонот на лимузината.

Самиот седан се заснова на концептниот Vision EQS од 2019 година, а главната улога во неговиот ентериер е доверен на 56-инчниот хипер-екран. Се протега од едниот крај на предниот панел до другиот, комбинирајќи три дисплеи во едно. Така, патникот до возачот може лесно да си прави резервации преку интернет, додека централниот екран останува за навигација и поставки за возилото.

Гледано одзади, огромниот хипер-екран изгледа како контролен панел на вселенски брод, па затоа Mercedes-Benz очигледно ќе постави нови стандарди во внатрешноста на идните луксузни автомобили.

Новиот електричен предводник на марката од Штутгарт, кој исто така ќе понуди рекорден коефициент на челен отпор на воздух – 0,20, има и систем Sound Experience. Со него, можете да изберете помеѓу три различни поставки (Silver Waves, Vivid Flux, Roaring Pulse) за тоа како сакате да звучи целосно електричниот погон при забрзување или враќање на енергијата.

Според Mercedes, идниот EQS ќе може да патува до 770 километри со едно полнење, што е исто така извонредно достигнување за електричен автомобил. Врвната верзија на седанот се очекува да забрзува од 0 до 100 km/h ч за 4,3 секунди.